HUAWEI објави тизер видео преку социјалните мрежи во кое најавува дека ќе одржи настан наречен Презентација на иновативен производ на 15 мај во Берлин.
На тој настан, меѓу другото, ќе биде претставен и нов паметен часовник – Huawei Watch 5, наследникот на моделот Watch 4 кој на пазарот пристигна во 2023 година.
Видеото ги открива првите детали за дизајнот на Watch 5, вклучително и овален отвор на страната кој најверојатно крие сензори за следење на здравјето и дигитален бројчаник за полесна навигација на корисничкиот интерфејс.
Според странските медиуми, покрај Huawei Watch 5, се очекува и нов модел од линијата Huawei Watch Fit, а потоа Watch 5 Pro и нови безжични слушалки.