Американскиот производител на електрични возила Tesla престана да прима нови нарачки за своите луксузни модели Model S и Model X на кинескиот пазар.
Според податоците што денеска ги објави Ројтерс, нарачките за овие два увезени модели веќе не се достапни преку официјалната кинеска веб-страница на Tesla или преку мини програмата на платформата WeChat. Компанијата Tesla се уште не ги коментирала причините за оваа одлука.
Оваа одлука доаѓа по слични потези во други азиски земји. На пример, Tesla Japan објави дека од 31 март 2025 година ќе престане да прима нови нарачки за моделите S и X, што се толкува како подготовка за претстојните, понови верзии на овие возила.
Се очекува новите модели да ги поддржуваат двете конфигурации на воланот, благодарение на воведувањето на технологијата Steer-by-Wire, која овозможува поголема флексибилност во производството и дистрибуцијата.
Во минатото, Tesla веќе ги суспендираше нарачките за Model S и X надвор од Северна Америка, со цел да се фокусира на испорака на постоечки нарачки и подготовка за поновите верзии на возилата. Овие исклучувања често беа поврзани со планираните технички надградби и прилагодувања на производните линии.
Поврзани артикли