На саемот беше прикажано како новите производи и решенија на Samsung се интегрираат за да овозможат беспрекорно опкружување во станбен и комерцијален простор.
Samsung Electronics учествуваше на саемот ISH 2025 1 — водечкиот светски настан од овој тип за сектори поврзани со санитарна опрема, греење, вентилација и климатизација (HVAC), кој се одржа од 17 до 21 март во Франкфурт. Samsung претстави иновативни решенија осмислени за зголемување на удобноста и поврзаноста во станбено и деловно опкружување.
„Оваа година по втор пат учествуваме на саемот ISH, откако дебитиравме во 2023 година, и драго ни е што прикажавме уште понапредни производи и различни паметни решенија, како што се SmartThings Pro и b.IoT Lite 2 , кои се во согласност со слоганот „Поврзан проток’“, изјави Вим Венгенбург (Wim Vangeenberghe), потпретседател на Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. „Ова беше значајна можност да ги претставиме иновациите од новата генерација и да ја истакнеме нашата посветеност кон обезбедување искуство на попаметно живеење.“
Претставување на производите: Истакнување на напредни решенија за ладење, вентилација и климатизација
Samsung на саемот ISH 2025 ја прикажа својата широка палета на системи и решенија, како што се Slim Fit EHS ClimateHub и Mono R290, контролери на допир, Wi-Fi модули и други иновативни решенија. Еден од клучните елементи беше претставувањето на новите модели на Bespoke AI WindFree клима уредите, наменети за поголема удобност и прилагодено корисничко искуство.
Новите Bespoke AI WindFree клима уреди за 2025 година се одликуваат со функцијата AI 3 Fast & Comfort Cooling, со вградена вештачка интелигенција која овозможува брзо постигнување на посакуваната температура, прилагодувајќи се на навиките и преференците на корисникот. Кога овој режим ќе се активира, прво се намалува температурата во просторијата, а потоа AI технологијата постојано го анализира внатрешното и надворешното опкружување за да утврди дали е постигната посакуваната температура, по што автоматски се префрла на режимот WindFree Cooling.
Дополнително, новата технологија Comfort Drying овозможува одвлажнување без дување на студен воздух. Додека стандардните режими на одвлажнување ја намалуваат температурата за да ја елиминираат влагата, оваа технологија ја одржува соодветната влажност при температура која корисникот ја има поставено — идеално за оние кои не сакаат да им биде студено за време на одвлажнувањето. Корисниците, исто така, можат да го активираат режимот AI Energy преку апликацијата SmartThings, со што ја намалуваат потрошувачката на енергија за дури 30 проценти.
Ова е овозможено благодарение на AI анализата која ја контролира фреквенцијата на ротација на компресорот, спречувајќи ненадејни запирања или нагли зголемувања.
Признание за извонреден дизајн
Samsung, исто така, објави дека внатрешните единици на Slim Fit EHS ClimateHub – ClimateHub Mono и Hydro Unit Mono 5 – ја освоија престижната награда Designplus во категоријата „вода и ефикасност+“ на саемот ISH 2025. Оваа награда се доделува на производи кои успешно комбинираат иновативен дизајн со технологија, со акцент на нови концепти што создаваат додадена вредност преку технолошки напредок.
Овие модели се одликуваат со slim fit дизајн 6 кој овозможува поставување на различни локации во домот и управување од било каде. И покрај овој дизајн, клучните компоненти, како што се магнетни филтрите, тронасочните вентили и експанзиониот сад за греење, се вклучени како стандардни функции, што овозможува брза и ефикасна инсталација. Дополнително, уредите се опремени со 7-инчен AI Home 7 екран – широк екран што значително ја зголемува удобноста при користење.
Корисниците можат лесно да ја контролираат температурата и поставките, да го следат статусот и потрошувачката на енергија 8 од поврзаните соларни фотоволтаични (PV) системи преку зониран преглед, како и да управуваат со други уреди поврзани преку апликацијата SmartThings.
Совршена интеграција: SmartThings Pro за напредно деловно опкружување
Во согласност со слоганот „Поврзан проток“, Samsung ги претстави предностите на своите паметни решенија базирани на SmartThings Pro 10 преку различни сценарија и простори. Посетителите можеа да видат како SmartThings Pro овозможува креирање на прилагодено деловно опкружување со уреди од Samsung, како и со одредени уреди од трети страни – како што се сијалици и соларни панели – овозможувајќи сеопфатно следење на потрошувачката на енергија низ целиот дом.
Дополнително, Samsung ги претстави SmartThings Pro и b.IoT Lite – решенија за деловни средини и комерцијални простори, како што се хотелите и продавниците. Овие решенија ја унапредуваат оперативната ефикасност и овозможуваат попаметно управување со греењето, ладењето и потрошувачката на енергија.
Samsung останува посветен на проширување на своето деловно присуство во областа на греење, вентилација и климатизација на глобално ниво и продолжува да нуди иновативни климатски решенија за корисниците ширум светот. Посетителите на штандот на Samsung на саемот ISH 2025 имаа можност да ги истражат новите производи опремени со овие технологии, да разговараат со претставниците и од прва рака да ја искусат иднината на решенијата за ладење, вентилација и климатизација.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.