Телефоните за игри се популарни меѓу корисниците на мобилни уреди, а како еден од нив помина на тестот за издржливост погледнете во придружното видео.

YouTube каналот JerryRigEverything повторно е активен, а овој пат Зак од споменатиот канал на својот неконвенционален тест за издржливост има гејмерски телефон – Black Shark 5 Pro.

Најпрво на тестот се ставени магнетните „pop-up“ копчиња, односно нивниот структурен интегритет, а тестот открива и дали брзиот полнач од 120 W навистина го полни телефонот до крај за само 15 минути.

Постојат и стандардни тестови за гребење и горење на екранот. Дисплејот е изгребан од шестото ниво на скалата Мос, со подлабоки резови од седмото ниво, што е стандарден резултат.

Крајниот тест – свиткување на телефонот со рацете – покажа дека Black Shark 5 Pro е добро направен уред. Свиткувањето од задната страна укажува на добра флексибилност и не е забележано пукање или лупење.

Black Shark 5 Pro е солидно изграден телефон за игри и сега со нетрпение очекуваме да видиме што има во овој уред.