Huawei дефинитивно не се двоуми да се обиде и да тестира нови концепти и идеи, а новите гласини од Кина дополнително го потврдуваат тоа.

Се вели дека претстојниот телефон на преклопување Huawei Pocket 3 ќе има сооднос 3:2 кога ќе се расклопи. Apple го користи истиот сооднос за својот iPad mini, кој има екран од 8,3 инчи.

Pocket 3 ќе има 6,3-инчен дисплеј, па кога ќе се расклопи во голема мера ќе личи на помал iPad mini.

Надворешниот екран на уредот ќе биде со големина од 3,5 инчи, а се уште не е познато каков сооднос ќе има овој дисплеј.

Huawei Pocket 2 беше објавен во февруари минатата година, така што Pocket 3 се очекува наскоро.

Pocket 3 ќе користи HarmonyOS, а спецификациите на хардверот (освен соодносот на внатрешниот екран) сè уште не се откриени.