Компанијата Мета планира да активира ботови со вештачка интелигенција кои можат да комуницираат со корисниците на Фејсбук како вистински луѓе.
Сметките управувани од Meta AI ботови ќе можат да креираат содржина и да имаат свои страници со Фејсбук профили.
„Очекуваме оваа вештачка интелигенција, со текот на времето, да постои на нашите платформи слично како и стандардните сметки. Тие ќе имаат био и фотографии од профилот и можност да создаваат и споделуваат содржини на платформата со вештачка интелигенција… Во тој правец го гледаме развојот на сето тоа“, рече Конор Хејс, потпретседател за производ за генеративна вештачка интелигенција во Мета.
Иако реакцијата на корисникот на ова се очекува да биде многу негативна, има и некои позитивни страни. На пример, социјалните мрежи како Фејсбук можат да бидат почва за лажни вести, така што Meta AI ботот може да се користи за означување на лажни вести и известување на корисниците за тоа.
Ботови со вештачка интелигенција може да се користат и за модерирање на коментари или други функции.