Lenovo го претстави уникатниот лаптоп ThinkBook Plus Gen 6 на саемот за електроника CES 2025 во Лас Вегас.
Станува збор за лаптоп со OLED екран кој се шири или се развива нагоре со притискање на копче, менувајќи ги неговите карактеристики.
На прв поглед, тоа е релативно скромен лаптоп со дијагонала од 14 инчи и резолуција од 2000×1600 пиксели, но со притискање на копче или кревање рака кон веб камерата се активираат моторите вградени во шарката на лаптопот, па екранот се крева и се зголемува за 10 секунди.
Зголемениот екран има проширена резолуција од 2000 x 2350 пиксели и дијагонала од 16,7 инчи, пренесува порталот Verge.
Новиот лаптоп ќе биде пуштен во продажба во јуни за огромни 3.500 долари, но рецензентот рече дека „ја сака необичноста на тоа“ и фактот дека клиентите наскоро ќе можат да добијат нешто толку уникатно за секојдневните задачи како работа на екстремно високи маси или за гледање два филма истовремено во класичен формат 16:9.