TikTok е казнет во Венецуела поради вирални предизвици кои водат до смрт на корисниците на оваа платформа.
Највисокиот суд во Венецуела пресуди дека TikTok не ги преземал неопходните и соодветни мерки за да спречи ширење на вирални предизвици.
Властите на оваа земја ги идентификуваат токму овие вирални предизвици како главен виновник за смртта на тројца адолесценти, кои вдишувале токсични хемикалии.
Судот во Венецуела, наводно, му дал на ByteDance осум дена да плати казна од 10 милиони долари. Исто така, на компанијата и беше наредено да основа канцеларија во Венецуела.
Венецуела ќе ги искористи тие пари за да „создаде фондација за жртвите на TikTok, наменета да се компензира за психолошка, емоционална и физичка штета на корисниците, особено ако овие корисници се деца и адолесценти“, рече судијата Тања Дамелио.
Компанијата изјави пред судот дека „ја разбира сериозноста на ситуацијата“, според официјални лица.