Apple би можел да ја промени стапката на освежување на екранот за моделите на iPhone следната година.
Компанијата Apple досега беше успешна во избегнувањето на имплементирање на висока стапка на освежување на екранот на своите модели на iPhone, и покрај тоа што конкуренцијата на Android нуди освежување од 120Hz дури и на телефони од средна класа.
Сепак, се сугерира дека оваа ситуација би можела да се промени оваа година. Нов извештај покажува дека целата постава на iPhone 17 ќе има дисплеи ProMotion. ProMotion е заштитен знак на Apple за екрани со висока стапка на освежување.
Засега не е познато дали iPhone 17 ќе добие стапка на освежување од 120Hz, што со години ја имаат Pro моделите од линиите на Apple или Apple планира да имплементира 90Hz за стандардниот iPhone 17.
Во секој случај, тоа ќе биде значителен скок од сегашното освежување на екранот од 60 Hz, иако споменатиот потег заостанува неколку години зад конкуренцијата.
Доколку оваа информација се покаже како точна, новиот iPhone SE кој пристигнува оваа година би можел да биде единствениот нов iPhone со освежување на екранот од 60 Hz.