Ѕвездата на платформата OnlyFans открива дека го продала својот „лик“ на вештачка интелигенција за да си го ослободи времето и да биде во тек со безброј барања од обожавателите.
Клои Амур, од Лас Вегас, со години настапува во индустријата за забава за возрасни на платформата OnlyFans. Сепак, следењето на барањата на обожавателите и постојаното ангажирање со нив додека одржува успешна кариера во овој сектор на индустријата наскоро и станал голем предизвик.
Таа за Дејли Меил изјави дека не може секогаш и во секое време да ги задоволи барањата на своите обожаватели, па оваа триесет и тригодишна девојка решила да имплементира иновативно решение.
Таа создаде виртуелно алтер его, со помош на вештачка интелигенција, кое комуницира со публиката наместо неа, кога нејзините обврски се згуснуваат.
„Кога директно разговарам со моите фанови, понекогаш има работи за кои сакаат да разговараат со мене, или има работи што ги сакаат од мене, а можеби не можам да им ги дадам. Но, преку вештачката интелигенција, тие имаат ист карактер. како јас, и на некој начин можам да бидам она што шо сакаат“, вели ѕвездата на OnlyFans.
Изведувачката решила да создаде верзија со вештачка интелигенција од себе, откако идејата и била предложена од компанија која и платила за нејзините фотографии, видеа и лични податоци.
Сепак, Клои вели дека вештачката интелигенција понекогаш и изгледа „страшна и чудна“, но предностите многу ги надминуваат сите недостатоци и таа е во состојба да управува со своето време и да го отстрани притисокот од нејзината работа.