Норвешка направи интересен чекор напред со цел подобрување на безбедноста при извлекувањето на нафта од површината на морето. Често се случува да има излевање на нафта при извлекувањето, што има сериозни последици врз животната средина, а тоа е нешто што Норвежаните сакаат да го искоренат. Поради тоа, тие ја поставија првата подводна безжична мрежа во светот.

Системот ќе функционира така што ако дојде до излевање на нафта, моментално се праќа информацијата до бродовите, авионите и сите останати кои се близу до местото на излевање. Ова е нешто што досега се случуваше навистина бавно.

Самата мрежа се гради на површината на бродовите или авионите кои се дел од санацијата при излевање на нафта. На бродовите на крајбрежната стража и на сите бродови на компаниите кои извлекуваат нафта ќе се постават радија за широкопојасна мрежа.

Брзината на преносот на податоци ќе изнесува 15 Mbps, а фреквенцискиот досег 5GHz. Досегот на мрежата ќе изнесува 50 километри во сите насоки, што би требало да биде доволно за навремена реакција.

Ова не е првпат да се воспостави Интернет под вода, но за првпат мрежата е безжична. Досега комуникацијата се одвиваше со подводни кабли кои ги има вкупно 263 во светот и пренесуваат 51 милијарди гигабајти информации. Освен што ќе дојде до растеретување на оваа мрежа, новиот систем ќе биде поевтин и попрактичен.

Извор: ICTbusiness