Меѓу бројните апликации кои влијаат на брзото празнење на батеријата во телефоните, особено се издвојуваат две.
Анализата на компанијата OurPBC ни дава увид во тоа кои популарни апликации трошат најмногу батерии кај паметните телефони, а нивното влијание е толку големо што може да доведе до трајно скратување на животниот век на батеријата.
Анализата беше заснована на претпоставката дека корисникот на телефон со Android или iPhone им дал на апликациите пристап до сите достапни дозволи кои се барани при нивната прва инсталација на телефонот.
Споменатите дозволи вклучуваат поврзување со Wi-Fi, статус на телефонот, простор за складирање, следење локација, информации за повици, контакти и пораки, како и дозволи за камера и микрофон. Исто така, голем број апликации бараат пристап до фотографиите, видео датотеките и другите фајлови на корисникот.
Анализата откри дека апликациите кои трошат најмногу ресурси за батерија на телефоните се Instagram и Fitbit. Споменатите апликации подеднакво ја трошат батеријата на уредот и потенцијално можат да потрошат до 85% од батеријата дури и кога не се активно користени. Зад нив, на листата се Facebook, WhatsApp, LinkedIn и Tasker.
Од 20-те апликации на листата на оние кои најмногу ја трошат батеријата на телефонот, седум од нив се популарни социјални мрежи кои ги користат милиони луѓе секој ден. Тоа се Instagram, Facebook, X (Twitter), WhatsApp, Telegram, Facebook Messenger и LinkedIn.
По нив следат апликациите за запознавање, кои трошат повеќе од 70 проценти од батеријата: Tinder, Grindr и Hinge.