Huawei пред три недели ја претстави серијата на телефони Mate 70 во Кина, а корисниците се повеќе од заинтересирани да видат за што се работи.

Новата серија Huawei Mate 70 се состои од следните модели: Mate 70, Mate 70 Pro, Mate 70 Pro+ и Mate 70 RS Ultimate. Од врвот на компанијата велат дека веќе имаат импресивни резултати кога е во прашање продажбата.

Според Huawei, клиентите во Кина веќе резервирале 6,7 милиони примероци од телефонот Huawei Mate 70 (треба да се напомене дека се работи за резервации, а не за нарачки).

Во суштина, серијата Huawei Mate 60 беше водена од силно чувство на национална гордост, па затоа е за очекување Mate 70 да вози на истиот бран.

Всушност, новите извештаи на локалните медиуми велат дека првичните залихи за премиум телефоните не се доволни, а аналитичарите веруваат дека може да има поголема побарувачка отколку производство поради проблеми со производството на чипови.

Сето ова значи дека фабриките работат со полна брзина за да ги исполнат желбите и очекувањата на клиентите, односно љубителите на кинескиот бренд.

Неодамна беше откриено дека Huawei Mate 70 Pro+ има Kirin 9020, за кој се вели дека е 30% подобар од неговиот претходник Kirin 9010. Сè уште е зад процесорите направени од Qualcomm, MediaTek или Apple, но Huawei полека фаќа со своите глобални ривали.