Извршниот директор на Мета платформата Марк Цукерберг вечераше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неговата резиденција во Флорида Мар-а-Лаго.

Се вели дека ова се случило откако Цукерберг побарал средба за да разговара за „новата администрација“ со идниот лидер, објави Њујорк пост.

Портпаролот на Мета рече дека Цукерберг е благодарен за поканата и можноста да се сретне со Трамп и неговиот тим во врска со претстојните промени во администрацијата.

Идниот заменик-началник на кабинетот за политика, Стивен Милер, ја потврди средбата за време на гостувањето на Фокс њуз, велејќи дека Цукерберг сака да го поддржи Трамп, кој го гледа како двигател на промени и просперитет.

Цукерберг, кој претходно го критикуваше Трамп дека го обвини Фејсбук дека е „непријател на народот“, по средбата му честиташе за изборната победа.

Инаку, десетте најбогати луѓе во светот на листата на милијардери на Блумберг го зголемија своето богатство за рекордни 64 милијарди долари за еден ден по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави.

За жал, меѓу нив не е Цукерберг, чие богатство стагнираше во тие денови – па ќе видиме дали нешто ќе се промени по оваа средба.