Google почна со постепена испорака на функцијата за непрекинато скролање за најголем дел од пребарувањата на англиски јазик, на мобилните уреди.

Функцијата им овозможува на корисниците и да прегледаат до четири страници со резултати во Google Search, пред да стигнат до копчето See More. Новите опции пристигнуваат и на Android и iOS Google Search апликациите.

Според Google, новата функција за непрекинато скролање ќе им овозможи на корисниците да добијат повеќе инспирација и идеи за задачите како што се готвење и многу повеќе.

Покрај тоа, новата функција му овозможува на Google да имплементира повеќе реклами и огласи, што корисниците ќе можат да ги видат. Функцијата во моментов е достапна само за корисниците во Соединетите американски држави.