Ако користите Gmail, треба да бидете дополнително внимателни овие денови.
Нов вид на измама се појави кога станува збор за Gmail, соопштија од компанијата Check Point, која се занимава со сајбер безбедност.
Тие за британски „Мирор“ објаснија дека се работи за измама од големи размери со која се крадат личните податоци на корисниците, со вметнување на вирусот наречен „Rhadamanthys Stealer“ во нивните уреди.
Измамата функционира така што криминалците создаваат лажни сметки на Gmail, а потоа испраќаат пораки кои се претставуваат како легитимни компании. Така лажно претставени, на луѓето им праќаат пораки дека ги прекршиле наводните авторски права на социјалните мрежи.
Вклучени се и упатства за тоа како да се отстрани содржината со која се „прекршени авторските права“, што е клучниот дел од измамата. Корисниците ќе бидат упатени да преземат датотека, која всушност го содржи споменатиот вирус и од тој момент тој ќе почне да „работи“.
Мејловите се прилагодени на секоја жртва, па затоа е потешко да се препознаат бидејќи не изгледаат генерички. Досега, како што рече Check Point, околу 70% од откриените мејлови беа во индустријата за забава, медиуми и технологија.
Поврзани артикли