Видео играта, која несомнено е една од најпопуларните во последните којзнае колку години, си го најде своето место меѓу ѕидините на Ватикан.

Сега има две копии од Baldur’s Gate 3 во Ватикан и тие активно се играат, објави директорот на студиото Ларијан на Твитер.

„Во Ватикан се продадени два примерока од Baldur’s Gate 3, а уште еден примерок е на листата на желби“, објави Мајкл Даус.

„Би сакал да мислам дека ова е само Папата кој чека да има слободно време. Би сакал да ја видам нивната листа со модификации“, хумористично додаде Даус.

Можеби „две копии“ не звучат многу, но треба да се потсетиме што всушност е Ватикан – оградена територија во Рим што е суверена целина и седиште на Католичката црква. Има околу 764 жители, од кои половината не живеат таму, а нешто повеќе од 100 се папската Швајцарска гарда.

Се разбира, постои шанса членовите на гореспоменатата Швајцарска гарда да уживаат во оваа видео игра, но сепак е чудно кога ќе помислите дека оваа игра некогаш се сметала за богохулна – доволно е да се каже дека е можно да се има секс со мечка, а да не зборуваме за разни други можности.