Apple го објави iOS 18.1 во октомври, кој ги содржи првите Apple Intelligence функции, но претстојат уште многу.
Apple iOS 18.1 вклучува само мал дел од она што компанијата од Купертино го најави уште во јуни.
Следниот „пакет“ AI функции ќе пристигне со iOS 18.2 на почетокот на декември, според новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, а тоа е, меѓу другото, интеграцијата на ChatGPT, апликацијата Image Playground и функциите Genmoji.
Надградбата е планирана за првата недела од декември, поточно за 2 декември. iOS 18.2 на Apple ќе нуди функции за вештачка интелигенција во варијации на англиски јазик покрај американски.
После тоа, следната серија на функции за вештачка интелигенција ќе пристигне со iOS 18.4 во април следната година, кога Siri ќе добие значителни подобрувања.
Така, Siri ќе има пристап до корисничките податоци и ќе може да одговара на прашања користејќи информации на екранот на уредот.
Исто така, во април, корисниците на iPhone и iPad во Европската унија ќе ги добијат првите Apple Intelligence функции.