Долгоочекуваниот темен режим на Facebook конечно е достапен, но само за десктоп-верзија, а не и за апликацијата за паметни телефони.

За да се префрлите на новиот, темен изглед на вашата омилена социјална мрежа, најпрвин треба да кликнете на триаголничето во горниот десен агол на екранот и да кликнете на Switch to New Facebook, што во превод значи: Префрли се на нов Facebook.

Потоа ќе ви се појави порака за добредојде на новиот, поедноставен Facebook и тука само треба да кликнете на Next.

Веќе на следниот прозорец што ќе ви се отвори можете да одберете како сакате да ви изгледа почетната страница – светла или темна. Откако ќе изберете, кликнете на Get Started.

Доколку сѐ уште не ви е вклучена темната верзија, одете повторно на триаголничето и вклучете го „копчето“ покрај Dark mode.

Треба да се напомене дека секогаш можете да се вратите на стариот изглед така што ќе одите на триаголничето и ќе изберете Switch to Classic Facebook.

Извор: Tportal.hr