Samsung објави дека го развил првиот 24 GB GDDR7 DRAM во индустријата.

Новата исклучително брза меморија е наменета за центри за податоци, работни станици со вештачка интелигенција, но и графички картички, гејмерски конзоли и автономни возила.

Новата DRAM меморија има 50% поголем капацитет од минатогодишната 16 GB GDDR7 DRAM, а самиот чип е создаден во петтата генерација на 10nm процес.

Меморијата достигнува брзина до 42,5 Gbps, што е за 25% повеќе од претходната верзија, а сето тоа благодарение на Pulse-Amplitude Modulation (PAM3) на три нивоа. Подобрена е и ефикасноста на потрошувачката за над 30 проценти.

Валидацијата на 24 GB GDDR7 DRAM меморија во големите AI системи на компаниите што произведуваат графички картички започнува оваа година.

Комерцијалната продажба на 24 GB GDDR7 DRAM ќе започне во 2025 година.