Apple влегува на друг пазар со нов уред – и тоа би можело да се случи порано отколку што очекуваме.
Во Купертино работат на паметен прстен кој би требало да му парира на Samsung, а најверојатно ќе го претстават до 2026 година, објави CCS Insight.
Ова е дел од годишните предвидувања на CCS, а доколку се оствари, тоа ќе биде првиот нов уред што Apple го претстави по кацигата Apple Vision Pro.
„Здравјето стана еден од основните столбови на Apple. Дури би рекол дека ако Тим Кук одлучи да го препушти раководството на некого, тој ќе сака да ја остави зад себе грижата на компанијата за здравјето на луѓето“, рече Бен Вуд, извршен директор на подкастот „Beyond the Valley“ во CCS Insight.
„Со оглед на тоа колку самиот Тим Кук верува во здравје, мислам дека прстенот е многу логичен следен чекор за Apple“, додаде Вуд.
Тој го истакна фокусот на Apple на производи поврзани со здравјето, како што се Apple Watch или дури и AirPods Pro 2, слушалки кои можат да се претворат во слушно помагало. Слично на паметниот часовник, прстенот ќе има и различни сензори за следење на здравствените параметри на корисникот.
Поврзани артикли