Apple во последните неколку недели претстави неколку нови производи, што значи дека некои други ги прогласи за застарени.

На листата на Vintage производи, Apple додаде три MacBook, а уште некои други производи беа прогласени за застарени.

Винтиџ уреди се оние уреди за кои поминале повеќе од пет години од прекинот на дистрибуцијата, а продавниците на Apple и овластените сервиси можат да ги поправаат уште две години.

Уредите се застарени по тие две години, а поправки за нив не се нудат. Сепак, замените за MacBook батериите може да се направат и до 10 години откако тие повеќе не се во продажба.

Подолу е целосната листа:

Vintage:

MacBook Air (Retina, 13 инчи, 2018)
MacBook Pro (13 инчи, 2017, 2 Thunderbolt 3 приклучоци)
MacBook Pro (13 инчи, 2018, 4 Thunderbolt 3 приклучоци)

Застарено:

MacBook (Retina, 12 инчи, почеток 2016)
MacBook Air (13 инчи, почеток 2015)
MacBook Pro (13-инчни, 2016, 2 Thunderbolt 3 приклучоци)
MacBook Pro (13 инчи, 2016, 4 Thunderbolt 3 приклучоци)
MacBook Pro (15 инчи, 2016)
MacBook Pro (Retina, 13 инчи, почеток 2015)
iMac (21.5 инчи, крај на 2015)
iMac (Retina 4K, 21,5 инчи, крај на 2015)
iMac (Retina 5K, 27 инчи, крај на 2015)