Откако Huawei практично беше исфрлен од пазарот поради американските санкции, Apple и Samsung се борат за првото место. Сепак, изгледа дека еден бренд ќе им ги помрси конците.

Имено, во август кинескиот Xiaomi беше втор најпродаван бренд во светот, според истражувањето спроведено од Counterpoint Research.

Овој бренд имаше добри резултати во текот на целата година, со 22% раст во однос на 2023 година, а сега успеаја да бидат подобри од „јаболкото“.

Август, додуша, традиционално е „бавен месец“ за Apple кога станува збор за продажбата, главно затоа што нивните клиенти знаат дека наскоро ќе излезе нова серија, па не ја купуваат сегашната.

Без разлика, успехот што го постигна Xiaomi не може да се занемари, а во тоа им помогнаа неколку работи – само по еден flagship по серија, но и продажба на телефони кои спаѓаат во пониската цена.