Основачот на студиото Gearbox, Ренди Пичфорд ги бранеше неодамнешните неуспеси како што се филмот Borderlands и DLC Risk of Rain 2.

Пичфорд ја спореди ситуацијата со еден од најпознатите музички бендови на сите времиња – Битлси. Како одговор на еден корисник кој ги критикуваше неговите неодамнешни одлуки, тој рече дека не може секој проект да биде хит.

На социјалната мрежа Икс, Пичфорд напомена дека и Битлси „имале 25 проценти хитови“, но сите песни ги создале со љубов и посветеност, без разлика на исходот. Тој додаде дека дури и неговите омилени уметници и забавувачи имаат дела кои помалку му се допаѓаат.

Секако, неговата споредба предизвика голем број реакции.

Некои истакнаа дека „дури и најлошите работи на Битлси вредат злато“, што не може баш да се каже за неодамнешните проекти на Gearbox. Инаку, филмот Borderlands имаше лошо отворање и доби негативни критики, додека самиот режисер ги советуваше гледачите „да го исклучат мозокот“.