Уште една социјална мрежа се спротивставува на различните теории кои се однесуваат на 5G мрежата и нејзината наводна поврзаност со коронавирусот. 

Twitter одлучи да воведe нови правила, а тоа ќе значи отстранување на сите недокажани тврдења кои ги поврзуваат 5G и коронавирусот.

Како што се наведува во соопштението, Twitter ќе отстрани твитови со “непотврдени тврдења кои ги потикнуваат луѓето да се занимаваат со штетни активности, може да дојде до уништување или оштетување на 5G инфраструктурата“, објави Engadget.

Една работа е особено важна: Новите правила не се однесуваат на сите твитови кои се занимаваат со 5G мрежата. Наместо тоа, ќе бидат санкционирани само оние објави кои поттикнуваат акција на рушење и уништување, како повици преку ноќ за сечење или палење на бандери на кои се наоѓаат 5G базни станици.