Претставници на Европската комисија ја потпишаа Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција (AI) во име на Европската унија.
Потпишувањето се случи на неформалната конференција на министрите за правда на Советот на Европа во главниот град на Литванија Вилнус.
Страни во преговорите беа Европската Унија, другите земји-членки на Советот на Европа, Светата столица, САД, Канада, Мексико, Јапонија, Израел, Австралија, Аргентина, Перу, Уругвај и Костарика.
Како што е наведено, Рамковната конвенција е првиот правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција и е целосно усогласен со Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, првата сеопфатна регулатива за вештачка интелигенција во светот.
Конвенцијата предвидува заеднички пристап за да се осигури дека системите за вештачка интелигенција се компатибилни со човековите права, демократијата и владеењето на правото, истовремено овозможувајќи иновации и доверба, се вели во соопштението.
Во соопштението на веб-страницата на Европската комисија се додава дека Рамковната конвенција ќе се имплементира во ЕУ преку Законот за вештачка интелигенција. По потпишувањето, Комисијата ќе подготви предлог-одлука на Советот на Европа за склучување на Рамковната конвенција, која треба да биде одобрена и од Европскиот парламент.
Поврзани артикли