Минатиот август Huawei ја шокираше технолошката јавност со чипот кој го напојува нивниот Mate 60 Pro модел. Сега, тие решија повеќе да не се кријат.
Kirin 9000s беше првиот 5G чипсет во телефоните на Huawei од серијата Mate 40 во 2020 година, веднаш откако САД усвоија закон за забрана на извоз на американски 5G чипови во компанијата.
Huawei реши да го надмине ова со партнерство со SMIC, најголемиот кинески производител на чипови, за да направи 7nm чипови за него.
Официјално не е наведено кои чипови конкретно се користеле во серијата Mate 60 (иако тоа е јавна тајна), а сега кога се наближува Mate 70, се шушка дека SMIC некако ги направил чиповите со 5nm технологија.
Откако инсајдер изјави дека „забраната за давање информации за чиповите е укината“, кинескиот сајт ITHome посети продавница на Huawei, каде што се распрашаа за процесорите во одредени модели на телефони.
Таму, еден од вработените им кажал дека 7nm Kirin 9000s е во серијата Mate 60, но и дека најновиот предводник Huawei Pura 70 го има истиот чип, иако Pura 70 Pro и Pura 70 Ultra имаат понапреден Kirin 9010.
Ќе биде интересно да се види дали моделот Mate 70 ќе има чипови од 5 nm или SMIC, третиот по големина производител на чипови во светот, има доволно развиена технологија за да ги направи.