Германија ја заврши апликацијата за смартфони, која ќе го следи ширењето на коронавирусот, а за чија употреба се залагаше и германската канцеларка, Ангела Меркел.

Апликацијата за паметни телефони ќе биде лансирана оваа недела, изјави германскиот министер за здравство, Јенс Спан, пренесува Reuters.

Апликацијата користи bluetooth со краток дострел за да ги информира луѓето дека можеби биле изложени со некој кој е заразен со коронавирус и не се потпира на централизирана база на податоци.

Функционира така што кај луѓето заразени со коронавирус во договор со болницата во телефон запишува податоци за заразата.

Информациите потоа ќе бидат испратени до сите корисници на апликацијата кои во последните 20 дена биле во близина на заразено лице, кои потоа би можеле да бидат тестирани. Не е планирано да се пренесат личните податоци на заразеното лице, туку само информации за заразата.

Германија забележа 186.000 случаи, од кои 8.787 смртни случаи.

Благодарение на опсежното тестирање, добриот здравствен систем и карантинските мерки воведени во средината на март, Германија имаше релативно мал број на смртни случаи од COVID-19 во однос на другите земји, покрај големиот број случаи.