Мета одлучи да ги отстрани ограничувањата поставени на налогот на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Теориите на заговор за пукањето на митингот на Доналд Трамп почнаа да се појавуваат на платформата X веднаш по објавувањето на вестите, при што платформата промовираше теми вклучувајќи „#falseflag“ и „staged“ на корисниците.
Сопственикот на X, Илон Маск долго време е цврст застапник на „слободата на говорот“ на социјалните мрежи – и тоа може да вклучува дезинформации, како онаа погоре.
I fully endorse President Trump and hope for his rapid recovery pic.twitter.com/ZdxkF63EqF
— Elon Musk (@elonmusk) July 13, 2024
По обидот за атентат, Маск најави дека „целосно ќе го поддржи“ поранешниот претседател. Блумберг претходно објави дека Маск дал донација за поддршка на Трамп. Маск зазема сè поконзервативни позиции во последниве години, промовирајќи ја теоријата на заговор за „great replacement“ и поддржувајќи ја „white pride“. Неговото одобрување е само едно во низата од оние кои доаѓаат од Силиконската долина, од моќниците кои го поддржуваат Трамп.
И компанијата Мета на Марк Цукерберг се чини дека ја „промени плочата“.
Мета, матичната компанија на платформите Фејсбук и Инстаграм, одлучи да ги отстрани ограничувањата поставени на сметките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Мета сега ја ажурираше својата првобитна изјава, со која најави крај на суспензијата на Фејсбук и Инстаграм на Трамп во јануари 2023 година, за да го одрази новиот онлајн статус на веројатниот републикански претседателски кандидат.
Компанијата претходно го отстрани Трамп од сите свои платформи, по нападот на Капитол на САД на 6 јануари 2021 година под „екстремни и крајно невообичаени околности“, се вели во првичната изјава на Мета.
Две години подоцна, Мета ги врати сметките на Трамп по суспензијата, со построги казни за кршење на условите за користење. Мета во своето последно ажурирање рече дека поранешниот претседател ќе биде држен според истите стандарди како и сите други.
Твитер, сега Х, исто така презеде акција против поранешниот претседател Трамп по настанот во Капитол, поради трите твита што ги објави кои беа етикетирани како поттикнување насилство.
Започна со 12-часовна суспензија на 6 јануари 2021 година. Два дена подоцна, Твитер целосно го забрани откако утврди дека следните објави исто така ги прекршуваат стандардите на платформата. Следната година, новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, спроведе неформална анкета на својот профил, прашувајќи ги корисниците дали треба да ја отстранат забраната на претседателот Трамп и му го врати неговиот профил неколку дена подоцна.