Промените во дизајнот би можеле да пристигнат во Start менито на Windows 11.

Новата бета верзија на Windows вклучува некои промени во дизајнот на Start менито, а се однесува на сортирањето на апликациите.

Така, апликациите би биле подредени по ознаки, како што се „Music“ и „Entertainment“. Слична опција имаше и Windows 8.1.

Оваа промена беше откриена како дел од Windows Insider Preview build 22635.3930 и беше објавена од XDA Developers на X платформата.