Корисниците на Windows 11 сега имаат функции карактеристични за Word во Notepad.
Microsoft конечно ги овозможува функциите „spellcheck“ и „autocorrect“, односно опциите за проверување правопис и корекција за апликацијата Notepad во Windows 11.
Споменатите функции пристигнуваат по 40 години, од моментот кога едноставниот едитор за текстови е воведен во Windows во 1983 година.
Microsoft започна со тестирање на функциите во март, а сега тивко ги направи достапни за сите корисници на Windows 11.
Проверката на правописот на Notepad е речиси идентична со начинот на кој Word или Edge ги означуваат погрешно напишаните зборови, со подвлечена црвена линија за јасно означување на грешката.
Корисникот може да овозможи или оневозможи проверка на правопис во Notepad за Windows 11 во менито за поставки.
Кога станува збор за опцијата за автоматска корекција, печатните грешки автоматски се коригираат кога е овозможена проверката на правописот. Оваа опција може да се исклучи и во поставките.
Notepad за Windows 11 веќе некое време добива подобрувања и нови функции, вклучувајќи бројач на знаци, темни режим, табови, интеграција на Copilot и многу повеќе.