Проблемот е сè покомплексен бидејќи генеративните системи за вештачка интелигенција стануваат понапредни и полесни за употреба.

Кога го претставија нивниот голем јазичен модел во Google, првично наречен Bard, а потоа Gemini, објавија дека оваа вештачка интелигенција целосно ќе го промени начинот на кој го користиме интернетот.

Иако на почетокот имаа проблеми со точноста на информациите што Bard и Gemini им ги доставуваа на корисниците, Google беше решен да воведе вештачка интелигенција во што повеќе свои „производи“.

Сепак, се чини дека воведувањето на вештачка интелигенција во сите производи на Google, вклучувајќи го и најпознатиот, интернет прелистувачот, не резултираше баш со подобрувања на кои се надеваше Google.

Имено, нивните истражувачи објавија нов документ кој предупредува дека генеративната вештачка интелигенција, како ChatGPT или Gemini, уништува огромни делови од интернетот со лажна содржина. Иронично, нели?

Студијата, која сè уште чека рецензија, истакнува дека огромното мнозинство на корисници на генеративна вештачка интелигенција ја користеле технологијата за да создадат лажна содржина и да ја дистрибуираат на интернет.

Манипулацијата со човечката фигура и фалсификувањето докази се најчестите техники во случаите на вистинска злоупотреба. Повеќето од нив биле користени со очигледна намера да се влијае на јавното мислење, да се олесни измамата, лажните активности или профитот, велат истражувачите во нивната студија.

Проблемот е сè покомплексен бидејќи генеративните системи за вештачка интелигенција стануваат понапредни и полесни за употреба. Ваквата ситуација, истакнуваат истражувачите, „го превртува човечкото колективно разбирање за социо-политичката реалност или научниот консензус“.

Значи, фактот дека генеративната вештачка интелигенција премногу добро ја врши својата работа и создава убедлива лажна содржина и со тоа го преплавува интернетот сега одеднаш стана проблем. И ова е проблем што го создаваат самите корисници благодарение на големите ИТ компании кои им обезбедија алатка за создавање на ваква содржина и ги поттикнаа да ја користат.

Сепак, истражувачите предупредуваат во нивната студија дека овој хаос на Интернет сега ја тестира способноста на луѓето да разликуваат лага од вистина.

Масовното производство на неквалитетна, несакана синтетичка содржина ризикува да го зголеми скептицизмот на луѓето за дигиталните информации воопшто и да ги оптоварува корисниците кои сега треба дополнително да ги проверуваат овие информации, пишуваат истражувачите.

Исто така, додаваат, имало случаи кога поединци означувале несинтетички информации кои не им одговараат како генерирани од вештачката интелигенција, што дополнително создавало конфузија.

Се чини дека изреката дека сè треба да се земе со „зрнце сол“, односно доза скептицизам, станува се поактуелна во денешната ера на широко распространета употреба на генеративна вештачка интелигенција. Но, со оглед на количината на синтетичка содржина што се создава, наместо тоа „зрно“ наскоро ќе ни треба цел рудник или солана.