Нападот што го извршија руски хакери врз Microsoft има поголеми последици отколку што се мислеше.
Технолошкиот гигант информираше повеќе луѓе дека мејловите што ги разменувале со Microsoft паднале во рацете на хакери, објави Блумберг.
Да потсетиме дека хакерската група позната како „Midnight Blizzard“ или „Nobelium“ го организираше овој напад, а американската влада претходно го поврза со руската разузнавачка служба.
„Продолжуваме да испраќаме известувања до корисници чии е-пошта се компромитирани и им го испраќаме она до што дошле хакерите“, велат од Microsoft.
Патем, Microsoft ги известува корисниците преку е-пошта, па многу луѓе кога го видоа известувањето помислија дека е измама.