Дали мислите дека сите iPhone уреди имаат камера? Ако вашиот одговор е да, можеби ќе бидете изненадени.
Фотографијата од постар и истрошен iPhone без задна камера, објавена на Reddit, ја побива таа вообичаена претпоставка.
Авторот на објавата објаснува дека сопственик на тој необичен iPhone е негов пријател кој работи во нуклеарна централа, каде камерите се строго забранети, пренесува Digital Trends.
Иако не е вообичаено да се види iPhone без камера, ова не е прв пат таков уред да се појави на Reddit. Пред неколку години, еден корисник објави фотографија од iPhone без камера која ја нашол во продавница за половни паметни телефони во Дубаи.
Apple продавал модифицирани верзии без камера на одредени владини институции?
Одговорите на таа објава открија дека војската користи модели на iPhone без камера, а некои тврдеа дека Apple повремено имал навика да продава изменети верзии без камера на одредени владини агенции.
Дискусиите на Reddit истакнаа дека не само физичките делови на камерата се претежно отстранети од уредот, туку и придружниот софтвер и хардвер, што го оневозможува инсталирањето на камерата потоа.
A camera-less iPhone issued to my buddy that works at a Nuclear Plant. No cameras allowed.
byu/dopeyout inmildlyinteresting
Коментаторите на Reddit споделија и информации за добивање комплети за отстранување на камерата на iPhone, како и каде да се купат претходно модифицирани телефони. Ја споменаа компанијата NonCam која нуди комплети за модификација на стари модели на iPhone, меѓу кои iPhone SE, iPhone 8 и iPhone 5S, по цена од 250 долари (околу 230 евра).
Исто така, таа компанија продава претходно модифицирани верзии за повеќе од 1.000 долари (околу 930 евра). На нивната многу бавна веб-страница тие наведуваат дека меѓу нивните клиенти има припадници на војската, работници во нафтената и гасната индустрија, како и вработени во образовниот сектор.
Saw this at a store, iPhone with both cameras removed (custom ofc) thought you guys would like to see this
byu/Comfortable_Table_79 iniphone
Во Сингапур, Mister Mobile нуди реверзибилна услуга за отстранување на камерата за само 28 долари (околу 26 евра), дозволувајќи им на воените регрути да ги користат своите телефони без камери за време на службата и потоа да ги вратат во првобитната состојба. Оваа услуга е достапна не само за уредите на Apple, туку и за производите од други големи производители, како што се Samsung, Sony, Google и OnePlus.
Ако наидете на iPhone или друг паметен телефон без камера, една од клучните карактеристики што инаку би ве натерале да го купите уредот, сега знаете како е тоа можно и зошто некој би го направил тоа.