Досега непознатиот малициозен софтвер, кој може да зарази повеќе платформи, наводно бил воведен за шпионажа и сајбер криминал и бил активен со години.
Станува збор за „backdoor“ вметнат од сајбер-криминалци кои зборуваат кинески, а безбедносната компанија Trend Micro вели дека тоа е сосема нов вид на малициозен софтвер.
Името на малициозниот софтвер е Noodle RAT, познат е и како ANGRYREBEL и Nood RAT, а доаѓа во верзии и за Windows и за Linux. Се верува дека е во оптек најмалку од јули 2016 година.
Со текот на годините, верзијата на малвер за Windows, заедно со разни други алатки, беше оружје на хакерските групи како Iron Tiger и Calypso. Злонамерниот софтвер се лансира преку loadera, поддржува компанди за преземање и инјектирање датотеки, лансира други видови малициозен софтвер, па дури и може да се избрише сам.
Linux верзијата на малициозниот софтвер ја користеа различни криминални и шпионски кластери, вклучувајќи ги Rocke и Cloud Snooper.
Се истакнува дека двете верзии на малициозен софтвер споделуваат идентичен код за команда и контрола (C2) и имаат слични конфигурациски формати.