Новата верзија на Android ќе се фокусира многу на безбедноста, а една од функциите која веќе е имплементирана во бета верзијата е заштитата од кражба.
Поточно, тоа е AI функција наречена Theft Detection Lock и треба да препознае кога телефонот ви е украден од рака.
Андроид треба, во случај на ваков немил настан, да разбере што се случило и да го заклучи вашиот телефон.
Исто така, се вели дека ова нема да се применува исклучиво на Android 15, туку на сите телефони со Android 10 или понова верзија.
Постојат некои други функции кои треба да ја зајакнат безбедноста на вашиот телефон – на пример, Offline Device Lock ќе ви овозможи да заклучите сè кога вашиот уред не е поврзан на интернет.
Има и Remote Device Lock, кое ќе ви овозможи да го заклучите телефонот од далечина со телефонски број и „безбедносна финта“, но Google сè уште не кажа каква ќе биде таа „финта“.