Твитер ќе го одложи почетокот на наплатата за месечната услуга за верификација на сметката од 7,99 долари.

Оваа одлука е одложена, но ќе биде воведена по денешните изборите во САД, објави „Њујорк тајмс“, пренесе Ројтерс.

Твитер во саботата објави дека лансира услуга за претплата од осум долари месечно, која вклучува добивање на синиот знак што го имаа досега верифицираните сметки, бидејќи новиот сопственик Илон Маск започнува со ремонт на системот за верификација на платформата.