Google покажа како функционира нивната нова функција за пребарување со вештачка интелигенција (AI) и тие навистина не ја воодушевија јавноста бидејќи имаше неколку гафови.
Нивната експериментална алатка „AI Overviews“ им кажа на некои корисници кои прашуваа како подобро да го залепат сирењето на храната дека најдобро е да користат „нетоксичен лепак“.
Одговорите на пребарувачот генерирани со вештачка интелигенција, исто така, велат дека „геолозите им препорачуваат на луѓето да јадат по еден камен на ден“.
Портпаролот на Google изјави за BBC дека ова се „изолирани примери“.
Некои од одговорите се чини дека се засноваат на коментари на Reddit или написи напишани од сатиричниот сајт „The Onion“, но Google инсистира дека функцијата генерално работи добро.
„Примерите што ги видовме се многу необични прашања и не се репрезентативни за искуствата на повеќето луѓе. Голем дел од одговорот на вештачката интелигенција обезбедува висококвалитетни информации, со врски до подлабоко истражување“, се вели во соопштението.
Се додава и дека Google „презел мерки таму каде што имало проблеми“, како и дека сето тоа „се користи за подобрување на системот“.
Ова не е прв пат компанијата да наиде на проблеми со своите производи со вештачка интелигенција, во февруари тие беа принудени да го паузираат нивниот чет-бот наречен Gemini, кој беше критикуван дека дава премногу „woke“ одговори.
Поврзани артикли