Скопје повторно во центарот на глобалниот технолошки свет! „AI Tech Summit“ се враќа во Скопје со своето второ издание на 3ти и 4ти Октомври, 2024, во Национална Опера и Балет.

По успешното издание во Малага, „AI Tech Summit“ во Скопје ќе ги обедини водечките умови во вештачката интелигенција на светските гиганти како Google, Microsoft, Amazon, UBS, NVIDIA, Netflix, Ericson и други.

AI Tech Summit е најголемиот технолошки настан на тема вештачка интелигенција во југоисточна Европа и служи како вонренда или корисна платформа за интерактивно вмрежување, можност за соработка и регионално поврзување во екосистемот за вештачка интелигенција.

Настанот е организиран од страна на чешката компанија TBM Group во соработка со М6 Едукативниот центар.