Калифорниската компанија Expresso Fitness во својата понуда има собен велосипед Capti, кој ви овозможува во текот на возењето на екранот пред себе да играте игра, правејќи ви го позабавно возењето во затворен простор.

Велосипедот Capti има рамка изработена од челик и анодизиран алуминиум, тежи 79 килограми и може да поддржи возачи со тежина до 159 килограми. Во претпродажба е достапен по цена од 2495 долари.

На пазарот веќе има неколку такви велосипеди за вежбање, но Expresso Fitness во својот модел додаде голема библиотека на видео игри, базирани на вашето педалирање и видео школа за велосипедизам, која е синхронизирана со возењето.

Кога Capti се наоѓа во интерактивен режим, свртувањето на воланот ќе резултира со свртување во виртуелна околина, а брзината на педалирање се рефлектира на возењето на вашиот аватар, односно лик со кој управувате во играта. Покрај тоа, кога во играта се качувате на брдо или се спуштате по него, отпорот во педалите ќе се се прилагоди на тие услови, а сето тоа ќе влијае и на брзините, што значи дека со мануелните промени на брзините ќе можете да ги олесните искачувањата, или да го зголемите отпорот на запчаникот, за да возите побрзо на виртуелните рамни делници на патеките или патот.

Што се однесува до вградените игри кои го користат Capti како контролер за управување во игратам за нив велат дека содржат графика на ниво на 3Д игрите, кои се изработени со Unreal Engine на Epic Games.