Видео играта Minecraft слави 15 години, а за деценија и пол прерасна во реален светски феномен.

Првата верзија на Minecraft беше објавена на 17 мај 2009 година, и речиси и да нема дете во светот што не ги препознава коцкастите ликови и дизајнот.

Светот на Minecraft е направен од кубни блокови, така што може да се направат различни предмети во 3D околина.

За шармот на играта придонесува и тоа што играчите можат да користат различни материјали како песок, камен или злато, односно треба да ги ископаат и потоа да ги обработат како што им одговара.

Покрај ова, светот што играчите можат да го создадат е практично бесконечен – тие можат да градат населби, да одгледуваат растенија, животни, да тргуваат едни со други и да комуницираат со други играчи, или да соработуваат или да се борат со нив.

Во чест на 15-тиот роденден, стримовите на Minecraft ќе се прикажуваат на платформата Twitch до 31-ви мај, а секој што ќе се приклучи најмалку 15 минути ќе заработи наметка Purple Heart, според официјалната веб-страница на играта.