Претходно дознавме дека Apple ќе ја освежи својата линија на iPhone за следната година, па моделот Plus ќе биде заменет со Slim варијанта.

Досега се веруваше дека iPhone 17 Slim ќе биде позициониран слично како претходниот Plus модел во рамките на серијата iPhone, само што ќе биде покомпактен и потенок.

Сепак, според новите извештаи, се чини дека тоа не е така. Наместо тоа, iPhone 17 Slim ќе биде најскапиот и најпремиум модел во серијата, па се очекува да биде поскап од верзијата iPhone 17 Pro Max.

Од неколку извори се дознава дека iPhone 17 Slim ќе биде значително потенок од кој било модел на iPhone досега, а може да користи и алуминиумско куќиште.

Конечниот дизајн сè уште не е решен, а Apple наводно се уште разгледува некои опции. Dynamic Island ќе биде помал, додека системот на камера на задната страна ќе биде поместен на средината на телефонот.