Социјалната мрежа Твитер дефинитивно се промени во ново име, па сега интернет адресата ќе биде само X, односно X.com.
Ова го потврди сопственикот на компанијата Илон Маск.
„Сега сите системи одат на X.com“, рече Маск на социјалната мрежа X.
All core systems are now on https://t.co/bOUOek5Cvy pic.twitter.com/cwWu3h2vzr
— Elon Musk (@elonmusk) May 17, 2024
За потсетување, Маск го купи Твитер во 2022 година за 44 милијарди долари.
Покрај сопственоста на познатата социјална мрежа, Маск е сопственик на програмата Space X (која се занимава со истражување на вселената), „The Boring company“, „Neuralink Corporation“, „Zip2“, „OpenAI“, Tesla“, „SolarCity“ и други.