Телефоните од два производители доминираат на листата на најпродавани телефони во првите три месеци од оваа година.
Според резултатите од истражувањето на аналитичката компанија Counterpoint Research, Apple и Samsung доминираат на листата на топ-10 најпродавани паметни телефони во првиот квартал од 2024 година.
Најпродаван телефон во периодот јануари-март е iPhone 15 Pro Max, од Apple, со пазарен удел од 4,4%.
По него следат iPhone 15 и iPhone 15 Pro на второто и третото место. На четвртата позиција по продажба се најде iPhone 14, кој беше најпродаван телефон во истиот период минатата година.
Just published: iPhone 15 Pro Max Best-selling Smartphone in Q1 2024
Key takeaways:
– Top 10 list consolidates further to just @Apple and @Samsung.
– For the first time, all top 10 smartphones are now 5G capable.
– iPhone Pro Max dominated in a non-seasonal quarter for Apple… pic.twitter.com/l47t70IpGR
— Counterpoint (@CounterPointTR) May 6, 2024
Петтото место го зазема првиот телефон кој не доаѓа од понудата на Apple, а тоа е Galaxy S24 Ultra на Samsung.
Истражувањето на Counterpoint покажува некои други интересни трендови во телефонската индустрија во првите месеци од оваа година:
-
- за прв пат, сите модели во топ-10 имаат можности за 5G;
- трендот на купување на премиум модели е очигледен, бидејќи седум од 10 модели припаѓаат на премиум сегментот (цена од 600 долари или повеќе);
- потрошувачите побавно ги менуваат своите постоечки телефони, бидејќи надградените модели нудат помалку разлики во карактеристиките.
Последната ставка доведува до тоа потрошувачите да претпочитаат да се одлучат за премиум модели на телефони, со премиум карактеристики, за да се осигураат дека нивните уреди ќе останат технолошки релевантни во годините што доаѓаат.
„Counterpoint Research“ предвидува дека 10-те најпродавани паметни телефони ќе заземат поголем дел од вкупната продажба на паметни телефони во иднина, бидејќи производителите се фокусираат на понудата на помалку модели што ќе се пофалат со врвни карактеристики, вклучувајќи го и GenAI.