Не е изолиран случај, кога луѓето наоѓаат случајно скриени камери во хотели, канцеларии, станови и други места каде што не сакаат да бидат снимани без нивна дозвола. Дали некогаш сте се запрашале колку камери сè уште се скриени и не знаеме за нив? Кинескиот технолошки гигант Xiaomi, кој произведува некои интересни уреди, овој пат нè изненади со таков, што може да открие скоро секоја скриена од нашите очи камера.

Smoovie Multifunctional Infrared Detector е многу компактен мултифункционален детектор, кој може за кратко време да открие дали има скриени камери околу вас. Принципот на работа се заснова на инфрацрвена светлина, која лесно ги лоцира леќите на камерите. Xiaomi, исто така, најде друга корисна примена за нивниот додаток. Има вграден вибрирачки модул и сензор за жироскоп. Кога ќе ја закачите Smoovie на вашата торба, рачката на вратата или на друго место, кога е откриено најмало движење, додатокот започнува да вибрира и да пушта звук, за да ве предупредува дека нешто не е во ред.

Уредот има батерија 230mAh што е доволна за пребарување на камери 24/7 или во режим на движење 72 часа. Полнењето е преку микро USB порт. Цената на Smoovie детекторот е доста прифатлива. Во Кина, тој ќе биде достапен за 14 долари.