Counterpoint Research ја објави својата редовна листа на Топ 10 најпродавани телефони.
На најновата листа на аналитичката компанија, која го опфаќа периодот од 2023 година, Apple е убедливо доминантен. Поконкретно, iPhone ги зазеде првите седум места на таа листа, а останатите три ги држат евтините модели на Samsung.
Ова е првпат Apple да забележи ваква доминација и да ги држи првите седум позиции во однос на продажбата на телефони. Минатата година, во истражувањето на истата компанија, компанијата имаше осум телефони на Топ 10 листата, но евтиниот Galaxy A13 беше на четвртото место според продажбата во тоа време.
И оваа година на листата се најдоа евтините модели на Samsung, но од осмото до десеттото место.
iPhone 14 (3,9% удел на глобалниот пазар) го зазеде првото место на листата на најпродавани телефони во 2023 година. Половина од продажбата на телефони доаѓа од САД и Кина.
Второто место му припадна на моделот iPhone 14 Pro, додека на третото место е моделот Pro Max од истата серија.
Следат моделите iPhone 13, iPhone 15 Pro Max, iPhone 15 Pro и iPhone 15.
На последните три места во однос на продажбата во 2023 година се телефоните на Samsung Galaxy A14 5G, Galaxy A04e и Galaxy A14 4G.