Колку и да ви служи, во одреден момент е време секој телефон да биде заменет. Ако не сте сигурни дали треба да размислите за нов уред, еве пет знаци кои би можеле да ви помогнат.

1. Ограничен простор за складирање

Еден од првите знаци дека е време за нов телефон е кога вашиот моментален уред постојано се бори за доволно простор за складирање.

Ако постојано добивате известувања дека немате доволно меморија и дека треба да бришете апликации или слики, а веќе не ни знаете што можете да отстраните, можеби е време да размислите за замена.

Ова ја вклучува постојаната потреба за чистење на кешот, деинсталирање апликации и речиси секојдневна борба со одлуките за тоа што вреди да се задржи и без што можете да „живеете“ ако го немате на телефонот.

2. Батеријата брзо се троши

Во модерните телефони, батеријата обично е „Ахилова пета“. Како што старее уредот, капацитетот на батеријата природно се намалува, поради што самиот телефон ќе трае се помалку и помалку.

Откако ќе сфатите дека вашиот телефон троши повеќе време на полначот отколку во ваши раце, веројатно е време да размислите за купување на нов.

На крајот, можете да испробате неколку трикови за да ви трае подолго батеријата, но ако тие не ја завршат работата, се плашиме дека наскоро е време да се разделите со вашето домашно милениче.

3. Телефонот работи се побавно

Со текот на времето, телефоните забавуваат поради голем број проблеми. Постојат мерки што можете да ги преземете за да го забрзате вашиот телефон, но дури и тие одат само толку далеку, па ако гледате дека вашиот телефон се влошува како што одминува времето, време е да купите нов.

4. Постојано прегревање

Еден од симптомите на кои се осврнавме во претходната точка е се почестото прегревање на телефонот.

Уредите се прегреваат кога немаат доволно енергија да ги извршуваат задачите за кои се дизајнирани и што ги барате од нив, така што вашиот телефон може да се загрева колку повеќе го користите. Ова може да предизвика не само непријатност при користење на уредот, туку веројатно претставува и ризик за батеријата.

5. Проблеми со апликациите

Мобилните апликации се развиваат со молскавична брзина, па некои постари телефони може да имаат проблеми кога станува збор за компатибилност со нови апликации.

Иако овој симптом не е толку вообичаен, ако забележите дека некои апликации повеќе не работат на вашиот телефон (или дури и е невозможно да се инсталираат), можеби е време да размислите за замена на уредот.

Понекогаш самиот телефон ќе ви испраќа известувања дека е неопходно да се ажурираат апликациите, но ако гледате дека ова се случува се почесто, сигналот е јасен – време е за нов телефон.