Мајкрософт се чини дека подготвува нови хардверски барања за Windows 11 24H2.
Од вашиот компјутер ќе се бара да ја поддржува функцијата POPCNT, а ако се прашувате што е тоа, не сте сами. Како што забележа еден корисник на Твитер, новата верзија на Windows 11 нема да работи ако ја немате вклучена инструкцијата POPCNT.
Во случај да не знаете, POPCNT значи „population count“. Тоа е едноставна инструкција која брои дадени битови (единици) во машински збор. Ова е всушност многу стара инструкција – датира од 1960-тите, но стана вообичаено како хардверско решение кај компјутерите во раните 2000-ти.
So HUGE discovery found in Windows 11 Version 24H2, since build 25905.
A CPU with the instruction "POPCNT" IS NOW REQUIRED!
There are various system files requiring the POPCNT CPU instruction, from the Windows 11 kernel to the USB XHCI drivers.Without POPCNT, it doesn't boot! pic.twitter.com/vCWYvzfu6k
— Bob Pony (@TheBobPony) February 11, 2024
Денес го има во криптографијата, алгоритмите за компресија на податоци, биоинформатиката, машинското учење или работи како вештачката интелигенција. Добрата вест е што вашиот компјутер веројатно веќе го поддржува ова, но се поставува прашањето зошто Мајкрософт решил да го направи ова всушност.
Веб-страницата Tom’s Hardware пишува дека тоа е веројатно затоа што тие сакаат WIndows 11 компјутерите да поддржуваат бинарни невронски мрежи, што би можело да има врска со вклучувањето на AI како стандардна карактеристика на сите идни компјутери.
Поврзани артикли