Може да биде доста фрустрирачки кога не сте сигурни дали некој го блокирал вашиот телефонски број. Најлесен начин да дознаете е да ја прашате личноста. Меѓутоа, бидејќи ова обично не доаѓа предвид поради многу причини, сепак постојат неколку начини да разберете дали сте блокирани.
Кога некој ќе го блокира вашиот телефонски број, нема да добивате никакви известувања. Еден начин да проверите е да го повикате лицето и ако по едно ѕвонење или директно ве пренасочува до говорна пошта, постои можност да сте блокирани.
Некои оператори во овој случај немаат ни говорна пошта, туку веднаш ве „исфрлаат“ или звучи како да е зафатено.
Друг „тест“ може да биде испраќањето пораки. Google има RCS, па веројатно е вклучен за да покаже кога пристигнале пораките и дали се прочитани. Ако користите iMessage и некој ве блокира, „облакот“ ќе остане син и нема да стане зелен како и обично.
Третиот начин за проверка е преку контакти. Избришете го контактот на таа личност од вашиот телефон, а потоа кога ќе почнете да го пишувате бројот, проверете дали Google ви го предлага тоа. Ако не е во „Suggestions“, тогаш голема е веројатноста дека сте биле блокирани.
Ако се сомневате дека некој ве блокирал на WhatsApp, проверете го вака: нема да видите дали е онлајн или какви било промени на сликата на профилот на тоа лице. Исто така, секоја порака што ќе и ја испратите ќе остане со само едно штиклирање (испратено), а ни повиците нема да поминат.
Од WhatsApp, пак, забележуваат дека и сето ова не мора да значи дека сте блокирани и дека намерно го направиле тоа за да ја заштитат приватноста на нивните корисници.
Поврзани артикли