Google неодамна ја пушти во употреба третата бета верзија од Android 12 за одредени корисници, за да можат да ја тестираат. Новата верзија има неколку новитети. Еден од нив е оптимизацијата за споделување на URL линкови.

Споделувањето на линкови е сега доста олеснето, според информациите на XDA.

Сега корисниците на мобилната верзија на Chrome во горниот десен агол ќе имаат опција со еден клик автоматски да го копираат линкот. И не само тоа.

Со притискање на тоа копче излегуваат и опции за тоа каде корисникот сака да го сподели линкот.